За нас
Името ХЕЛЕНВИТА е спој од два збора што во себе носат историја и скриено значење: ХЕЛЕН и ВИТА.
ХЕЛЕН: Се однесува на Елена Тројанска, симбол на вечна убавина, најубавата жена во античкиот свет.
ВИТА: Латинскиот збор за живот, олицетворение на Здравје и Убавина, неоспорна привилегија на човештвото низ вековите.
Во тој поглед, брендот ХЕЛЕНВИТА, верен на потеклото на името, се состои од широка понуда на иновативна дерматолошка козметика, посветена на човековата благосостојба, од Здравје до Убавина!
ХЕЛЕНВИТА нуди иновативни и квалитетни производи за нега на кожа. Нашите производи се специјално наменети со цел да ги исполнат најкомплексните потреби на потрошувачите, обележани со печатот на меѓународни истражувања со кои се потврдува ефективноста и веродостојноста на производите.
ХЕЛЕНВИТА припаѓа на фармацевтската компанија ФАРМЕКС од Грција, лоцирана во Грција, но истовремено соработува со некои од најголемите истражувачки центри. ФАРМЕКС е водечка компанија веќе 40 години во полето на дерматолошки и козметички производи, со долготрајни партнерства како ексклузивни дистрибутери на најголемите странски брендови. Компанијата создаде серија на квалитетна козметика со која се задоволуваат и потребите на најкомплексните клиенти како и стручњаците во областите на Здравје, Фармација и Дерматологија.